Русија
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби
15.07.2024 11:12
Руското Министерство за одбрана објави снимка од церемонијата на отворањето на заедничките вежби на руско-кинеската морнариц...

Руското Министерство за одбрана објави снимка од церемонијата на отворањето на заедничките вежби на руско-кинеската морнариц.
„Поморска соработка – 2024“ се одржува до 17-ти јули. Кинеското Министерство за одбрана наведува дека вежбите немаат за цел да нападнат ниту една земја, а операцијата нема никаква врска со меѓународни и регионални настани.
Вежбите доаѓаат неколку дена откако сојузниците на НАТО го нарекоа Пекинг одлучувачки двигател на војната во Украина. Како одговор, Кина ја обвини Алијансата дека бара безбедност на сметка на другите.
