Македонија со 6,8 тони резерви злато

04.07.2014 11:46

На врвот на табелата на Светскиот совет за злато и натаму се САД кои располагаат со 8.972 тона злато...

Македонија со 6,8 тони златни резерви се најде на 77-то место во светот на листата од 100 рангирани земји. На врвот на табелата на Светскиот совет за злато и натаму се САД кои располагаат со 8.972 тона злато. Зад нив е Германија која поседува 3.387, а трет е ММФ со 2.814 тони злато. Најдинамичната светска економија, кинеската е на шестата позиција со акумулирани 1.054 тони, а само 13 помалку има Русија.

Во регионот Грција се задолжува, но упорно ги чува златните резерви и е 33-та, Романија две места подолу, а Бугарија е 48-ма. Србија е на 66-то место. Словенија со 3 тони злато е 90-та, а претпоследни на листата е Албанија со само 1,6 тони злато.

Хрватска и Црна Гора воопшто не се рангирани од Светскиот совет за злато.

 

 Земји со најголеми златни резерви

                                       Тони

          1.САД                   8.972

          2.Германија          3.387

          3.ММФ                   2.814

          4.Италија              2.451

          5.Франција           2.435

 

Рангирање на земјите од регионот

                                        Тони

          33.Грција               112

          35.Романија            103

            62.Србија               16,5

          77.Македонија        6,8

 

Свето Николовски