Обидот за атентат е предност за Трамп, оценуваат аналитичарите
Обидот за атентат на Доналд Трамп уште повеќе ќе ја продлабочи поделеноста во американското општество и поларизацијата меѓу демократите и републиканците, оценуваат македонски аналитичари. Се очекува, негативната кампања и реторика што изминатиов период е присутна во САД да стане репер и за други демократски држави ...

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател и кандидат на републиканците Доналд Трамп е неочекуван, особено што доаѓа три дена пред конвенцијата за негово официјално потврдување како претседателски кандидат, што само ќе го зголеми неговиот рејтинг на изборите, оценуваат аналитичарите.
Обидот за атентат уште повеќе ќе ја зголеми поларизацијата меѓу републиканците и демократите во САД, оценуваат аналитичарите.
Негативната кампања на двајцата кандидати ќе стане репер и во други демократски држави, а нападот врз десничарски политичари може да се преслика и во Европа, предупредуваат аналитичарите.
Ирина Гелевска
