ДЗР: Да се почитуваат ревизорските извештаи
Собраниската комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на средба со претставници на Државниот завод за ревизија и Националниот демократски институт. Испратен апел – институциите да реагираат откако ревизијата ќе најде забелешки ...

Да се постапува по ревизорските извештаи и еднаш засекогаш институциите да профункционираат како што треба, а не само да се префрла топката кој е крив. Ова од пратениците го побара првиот човек на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, осврнувајќи се на еден куп извештаи кои немаат никаква реализација. Се осврна и на лошата слика со капиталните инвестиции кои некогаш беа моторот на економијата. Рече, и по 28 години немаме железничка пруга, а прашање е и колку нè чини неизградениот автопат Кичево – Охрид.
И пратениците се едногласни дека државниот апарат е во зимски сон.
Сметаат и дека превенцијата треба да тргне од повеќе институции.
Ревизорите предупредија дека државата троши милиони евра на образованието, а младите луѓе во кои се вложува ни бегаат надвор.
Тажна состојба во која ни заминуваат најквалитетните високообразовани кадри, велат меѓу другото ревизорите.
Главниот државен ревизор повикува и на поширока одговорност. Го посочува и приватниот сектор.
Борис Грујоски
