Портокалова фаза

Градежници работат на отворено на 40 степени, Синдикатот реагира

15.07.2024 14:21

До крајот на неделава портокалова фаза, од петок заладување. Според препораките на Владата од работа треба да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години, работодавачите да ги реорганизираат работните активности за да се избегне вршење градежни и други физички активности на отворено во период од 11 до 17 часот.

Изминативе денови земјава е под вршник. Температурите се над 40 степени. Препораките од Владата се да не се работи на отворено од 11 до 17 часот. Сепак на градежните објекти сликата е поинаква.

Над 10 пријави дневно поднесуваат од синдикат за градежништво при ССМ до Државниот инспекторат. Бараат да се смени Законот за безбедност и здравје при работа.

И од Македонското здружение за заштита при работа со апел до работодавачите да се заштитат работниците.

Од Државниот инспекторат за труд уверуваат дека се постојано на терен.

Во земјава овие денови температурата е над 40 степени. Ваквото време се очекува да се задржи до крајот на оваа недела.

 

Ана Јосифоска-Тодоровска