Македонија

Пожарот на Серта се шири кон територијата на Штип

15.07.2024 15:35

Пожарот на планината Серта се простира на територијата на општините Неготино, Конче и Штип. Штипските пожарникари делуваат на кракот кој се заканува огнената стихија да се прошири во Општина Штип.

Два пожари се активни на територија на Општина Штип. На место наречено Патрик гори нискостеблеста шума, а помеѓу селата Драгоево и Селце во правец кон полигонот Криволак на локацијата Хаџи Реџепли е опожарена ниска вегетација и грмушки. Главната опасност доаѓа од ширењето на големиот пожар од територијата на Неготино.

Штипските пожарникари делуваат на површина од осумдесетина хектари, фокусирани се на стопирање на пожарот кој се заканува од Неготино.

Актуелните пожари во штипско се под контрола, но за ефикасно делување локалната власт е во постојана комуникација со ЦУК, Противпожарната единица, АРМ и СВР Штип.

Славица Величковска