МВР
Полициски хеликоптер исфрли над 35 тони вода врз пожарот на планината Серта
15.07.2024 18:12
Хеликоптерот во 23 налети исфрли над 35 тони вода, а се дејствуваше во атарот на с. Калањево...
Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици денеска продолжи да дејствува врз пожар што е сè уште активен на планината Серта.
Хеликоптерот во 23 налети исфрли над 35 тони вода, а се дејствуваше во атарот на с. Калањево, општина Неготино, информираат од МВР.
