Македонија

Уставниот суд ќе ги зајакнува капацитетите преку ЕУ фондовите

15.07.2024 18:58

Костадиновски ја информирал експертската група за идните приоритети во работењето и областите во кои очекува поддршка од инструментот ИПА 3 овозможен од Европската унија.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со Карстен Манке и тимот експерти задолжени за спроведување на ИПА 3 проектот за унапредување на капацитетите на судот.

Костадиновски ја информирал експертската група за идните приоритети во работењето и областите во кои очекува поддршка од инструментот ИПА 3 овозможен од Европската унија.

Подобрени законодавни, нормативни и компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права, зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност, подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитетот на уставната правда-се клучните компоненти на оваа програма.

На средбата била договорено и како ќе се имплементираат делови од проектот.