Солун бара поголема економска соработка со Македонија
Дојден сум овде да ги развивам економските односи меѓу двете земји а не како политичар, изјави солунскиот градоначалник Јанис Бутарис кој престојува во Македонија. Ги покани македонците да го откријат Солун а Златна зора ја нарече криминална организација. Туристите од Македонија се трети по бројност гости во Грција и грците треба да го откријат Скопје, рече градоначалникот на солун, кој потекнува од влашка фамилија од Крушево. Бутарис смета дека Грција не го блокира членството на Македонија во ЕУ.

Во март в година ќе стартува редовна железничка линија за товарен транспорт од Македонија кон Солунското пристаниште. Првиот човек на пристаништето тврди дека работите во Грција се средени, повеќе не се очекуваат штрајкови на цариниците и блокади на границата - Јанис Буторис градоначалник на Солун
Според податоците на транспортерите и шпедитерските компании, повеќе од 90% од вкупната трговија меѓу Македонија и Грција се одвива преку пристаништето во Солун. На бизнис форумот во Скопје присуствуваа 70 компании од Македонија и околу 100 грчки компании. И покрај спорот за името економските релации меѓу двете земји се силни. Освен важен трговски партнер Грција е меѓу водечките земји според обемот на странски директни вложувања во Македонија - Стилиано Агелудис претседател на Солунското пристаниште
Дијана Ценевска