САД

Се очекува Трамп денеска да го соопшти името на кандидатот за потпретседател

15.07.2024 20:21

Претходно, „Фокс њуз“ објави и дека Трамп во текот на денот ќе го објави името на неговиот кандидат за потпретседател.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп се очекува во следните неколку часа да го соопшти името на неговиот кандидат за потпретседател за изборите во ноември, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два упатени извори.

Претходно, „Фокс њуз“ објави и дека Трамп во текот на денот ќе го објави името на неговиот кандидат за потпретседател.

Трамп денес пристигна во Милвоки, каде што започнува четиридневната Националната конвенција на Републиканците на која официјално ќе биде прогласен за кандидат на партијата за Белата куќа.

Медиумите објавија дека во Милвоки, Трамп ќе одржи говор само неколку блока подалеку од местото каде што во 1912 година беше извршен неуспешен атентат на вториот американски претседател Теодор Рузвелт.