МВР

МВР: 117 санкционирани возачи во Скопје

16.07.2024 08:37

На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.