Пожари

Активни повеќе пожари во земјава

16.07.2024 08:44

Пожарот што избувна во околината на Битола е делумно локализиран и нема опасност од негово ширење кон градот и населените места, информираат од Центарот за управување со кризи...

Активни повеќе пожари во земјава. Пожарот што избувна во околината на Битола е делумно локализиран и нема опасност од негово ширење кон градот и населените места, информираат од Центарот за управување со кризи.

Двајца пожарникари се повредени, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Формиран е и кризен штаб на општината кој доцна синоќа одржа координативен состанок. Оттаму велат дека сите потребни ресурси за пожарникарите и преостанатите вклучени во борбата со огнената стихија ќе бидат обезбедени.

Над 50-тина пожарникари се вклучени во гасењето на огнот. Противпожарни екипи останаа на терен и во текот на ноќта.