АМСМ

Колони и на северниот и на јужниот граничен премин

16.07.2024 09:08

Гужва има на северната и на јужната граница. Сезоната на летните одмори е во полн ек, а сите што патуваат кон соседна Грција се обидуваат на секој можен начин да ја избегнат гужвата...

Гужва има на северната и на јужната граница. Сезоната на летните одмори е во полн ек, а сите што патуваат кон соседна Грција се обидуваат на секој можен начин да ја избегнат гужвата.

Како што објави АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Иако оттаму објавија дека се чека околу половина час на ГП „Табановце“ за влез и ГП „Богородица“ за излез од земјава, чекањето е многу подолго.

Како што може да се види од камерите на граничните премини, граничарите на „Богородица“ ги пропуштаат граѓаните во три колони кои се издолжуваат неколку километри.