Објавен оглас за изградба на објекти во зоната Жабени

04.07.2014 12:29

Со огласот се овозможува купување пет парцели за комерцијални и деловни дејности и девет парцели со различна површина...

Општина Битола објави оглас за отуѓување на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на објекти за комерцијални и деловни дејности, производство, дистрибуција и сервиси во Јужната индустриска зона „Жабени“.

Со огласот се овозможува купување пет парцели за комерцијални и деловни дејности и девет парцели со различна површина.

Во јавниот повик чиј рок истекува на крајот од овој месец, дадена е и можност за купување градежно земјиште северно од патот Битола-Новаци и локалитетот „Француски гробишта“ за изградба на капацитети од сферата на лесната индустрија во кои инвеститорите ќе треба да вработат по 120 лица.

Продажбата на објектите ќе се врши по пат на јавно наддавање на 10 јули и според принципот на целосно преземање, видено-купено, потврдуваат од локалната самоуправа.