ЕУ со реакција за нападите врз цивили во Газа
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Борел, го опиша масовниот воздушен напад на Израел во текот на викендот во Газа како неподнослив и неприфатлив...

ЕУ усвои дополнителни санкции против екстремистичките израелски доселеници на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, како и насилните активисти кои ја блокираат хуманитарната помош за Газа. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Борел, го опиша масовниот воздушен напад на Израел во текот на викендот во Газа како неподнослив и неприфатлив.
„Обемот на трагедијата за цивилното население во Газа ги надминува сите граници. Масовниот бомбашки напад со голем број жртви во бегалскиот камп е неподнослив, неприфатлив петти за една недела. Постојаниот пораст на бројот на цивилни жртви е неподнослив, и ја нагласува итноста од воспоставување на прекин на огнот и да се работи на изнаоѓање трајно решение“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
Израел соопшти дека го таргетирал воениот командант на Хамас во преполниот јужен Појас Газа во кој загинаа најмалку 90 луѓе, вклучително и деца.
