Украина

Зеленски: Русија ќе биде поканета на мировна конференција

16.07.2024 09:15

Русија ќе биде поканета на вториот глобален мировен самит, кој треба да биде подготвен до ноември. На Украина и се потребни 25 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за целосно да го одбрани својот воздушен простор ...

Русија ќе биде поканета на вториот глобален мировен самит, кој треба да биде подготвен до ноември. На Украина и се потребни 25 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за целосно да го одбрани својот воздушен простор и да ја заштити земјата од руски ракетни напади, изјави украинскиот претседател. Побара западните партнери да испратат повеќе воени авиони Ф-16 од оние што веќе ги ветиле.

„Од гледна точка на структурата на нашата противвоздушна одбрана, за целосно покривање на Украина, според нашата војска, потребни ни се 25 системи Патриот. Ова е со цел целосно да се затвори небото на Украина“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски е убеден дека повеќето републиканци ја поддржуваат Украина во нејзината војна со Русија и оти сегашната поддршка дадена од Соединетите држави би била невозможно да се обезбеди без ниво на двопартиски договор. Украинскиот претседател рече дека е подготвен да соработува со Доналд Трамп доколку победи на изборите во ноември.