ЦУК

ЦУК: Во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, активни сè уште се 11

16.07.2024 09:54

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни сè уште се 11...

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни сè уште се 11. Инаку, вчера имало 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.

Пожарот на Планината Серта се прошира на 2(две)Општини.

1 Општина Неготино во атарот на с. Калањево (ниска вегетација и шума); 2 Опш. Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума – Бор); Опш. Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в. Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки); Опш. Ново Село над с. Бадилен, (борова шума); Опш. Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума); Опш. Долнени, с. Црнилиште (нискостеблеста вегетација); Опш. Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) Опш. Гевгелија, помеѓу с. Негорци и с. Кованец (даб, смрека, прнар, сува трева). Опш. Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума); Опш. Радовиш, с. Штурово (Ниско стеблесна и борова шума); Опш. Битола, ул. Девеани бр. 92 м.в. Гермаски гробишта (Ниска вегетација); Опш. Македонски Брод, с. Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки.

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштва, мештани и од други здруженија на граѓани.

Прво почна да дејствува еден полициски хеликоптер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. На терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и информира подетално и за меѓународната помош.

Утрово директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во мугрите, присуствуваше на брифинг со армиските и турските пилоти пери што меѓу другото е договорено фокусирање на огнените точки на Серта, тактика – дејство и точка по точка со концентрирано гаснење. Истовремено, тој искажа голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија, цитираме: „Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ПП авиона „ер трактори“ и еден хеликоптер „блек хок“.