Регион
Црвен метеоаларм во земјите од регионот
16.07.2024 12:05
Црвен метеоаларм во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, како и делови од Хрватска. Земјите од регионот сè уште се под влијание на топлотниот бран...

Земјите од регионот сè уште се под влијание на топлотниот бран. Црвен метеоаларм во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, како и делови од Хрватска. Пожарите во Албанија веќе трета недела беснеат. Пламените јазици се движат кон север, соопшти во Министерството за одбрана.
Во справување со огнената стихија помага Европската унија и канадери од соседна Грција. Властите уапсија најмалку едно лице кое се сомничи за подметнување пожар на југот.
