Растат тензиите и поделбите во Ерусалим

04.07.2014 12:40

Состојбата во источен Ерусалим е тензична пред погребот на 17-годишниот Мохамед Абу Кдаир од Пакистан, кој беше киднапиран и убиен, веројатно во знак на одмазда за ликвидирањето на тројцата еврејски тинејџери на Западниот Брег...

Хамас ќе ги прекине ракетните напади доколку Израел ги запре бомбардирањата врз Појасот Газа. Состојбата во источен Ерусалим е тензична пред погребот на 17-годишниот Мохамед Абу Кдаир од Пакистан, кој беше киднапиран и убиен, веројатно во знак на одмазда за ликвидирањето на тројцата еврејски тинејџери на Западниот Брег. Израелската полиција ги засили воените единици и поради празникот Рамазан. Воведени се и рестриктивни мерки за присуство во верските објекти.

„Лошо е. Ескалираат и двете страни и може да стане многу полошо за кратко време“ вели Анат Берман, студент од Израел.
      
„Проблемите ќе се зголемуваат. Ќе страдаме уште повеќе. Виновни се окупаторите“, оценува Џеда, активист на ПФЛП.

И покрај празникот на добрината и простувањето, кај голем дел од населението се чувстува поделбата иницирана од последните случувања.

Палестинецот Абу Залум, вели „ова е муслиманска и арапска земја. Евреите се дојденци, како Американците и Европејците.“

Засилено е и обезбедувањето на границата меѓу Израел и Газа. Во масовните рации беа уапсени 400 Палестинци, од кои повеќето биле членови на Хамас. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху се заканисо ригорозна акција против исламистите на оваа група.