Комисиска расправа за укинување на економските директори во здравството
Власта тврди дека ова ќе значи заштеда на пари и подобра ефикасност на здравствените установи. Битиќи, го поддржуваа овој закон, но побара објаснување кој би ги вршел организациските работи, кога ќе ги нема економските директори ...

Собраниската комисија за здравство расправаше за укинувањето на економските директори. Власта тврди дека ова ќе значи заштеда на пари и подобра ефикасност на здравствените установи.
Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, го поддржуваа овој закон, но побара објаснување кој би ги вршел организациските работи, за кои медицинските лица немаат познавање, кога ќе ги нема економските директори. Тој потсети дека овој закон бил донесен пред 17 години.
Ова е само првиот чекор од рационализацијата во здравството. Повеќе пари за здравствени, а не за административни цели. Соединување на клиниките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, најави Таравари.
Се очекува предлог-законот да го укине дуализмот во менаџирањето со болниците и точно да се знае кој каква одговорност сноси.
Александра Велинова
