Европски парламент

Роберта Мецола е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент

16.07.2024 13:58

Роберта Мецола, политичарка од Европската народна партија, е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со апсолутно мнозинство ...

Роберта Мецола, политичарка од Европската народна партија, е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со апсолутно мнозинство, односно 562 гласа.Нејзината противкандидатка, Ирене Монтеро од групата Левица, доби 61 глас.

Мецола е политичарка од Малта, а првпат ја презеде функцијата претседател на Европарламентот во 2022 година, по смртта на претходникот Дејвид Сасоли. Претседател на ЕП се избира со мандат од две и пол години.