„Шпион“ во завршна фаза, наскоро пресуда
Првата шпионска афера во земјава влегува во завршна фаза...

Судскиот процес „Шпион“ за првата шпионска афера во земјава влегува во завршна фаза. во скопскиот Кривичен суд завршни зборови на обвинителството, откако претходно беше одбиено барањето на одбраната да се сослушаат уште неколку сведоци и да се изведат дополнителни докази, до самиот крај на процесот.
Првообвинетиот, според обвинението, поранешниот разузнавач Марјан Ефремов се бранеше со молчење, а според најавите, својата одбрана ќе ја изнесе во завршните зборови.
Во судскиот процес се обвинети 20-тина лица меѓу кои е и поранешниот директор на Управата за перење пари Ване Вветанов, новинарот Зоран Божиновски кој првично беше опфатен со обвинението за случајот „Шпион“, но потоа постапката за него беше одвоена, бидејќи тој веќе подолго време се наоѓа во екстрадиционен притвор во Србија.
