Пожар

Борбата со огнената стихија на планината Серта продолжува

16.07.2024 14:28

Борбата со пламените јазици продолжува, на терен се пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници се дејствува и со воздухопловна поддршка. Пристигна и најавената помош од земји од регионот ...

Нов ден, нова борба со пожарот на планината Серта. Жаришта има на повеќе места коишто со високите температури и ветрот се разгоруваат до ноќта. Пожарникари, припадници на армијата и полицијата, доброволци, со сите сили се обидуваат на терен да спречат пожарот да се прошири кон населени места.

Пожар на Серта имало и пред година и пол, но на помала површина и брзо бил изгаснат. Овој пожар на Серта е најголем досега и уништи огромна површина шума.

Пожарот се гаси и од воздух. По Турција, и Србија, Словенија, Црна Гора и Хрватска помагаат за справување со огнените стихии.

Патот Неготино-Штип е единствената одбранбена линија за пожарот да не премине на другата страна и да зафати поголема површина борова шума.

Причината за пожарот е човечки фактор. Екипите на терен при гаснењето откриле наложени дрва на повеќе места подготвени да се запалат и предизвикаат пожар.

 

Ирина Гелевска