Детска клиника

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврди Комисијата

16.07.2024 14:38

Станува збор за ненамерна повреда, министерот за здравство го чека писмениот извештај од Детската клиника за случајот со тримесечното бебе со модринки. Повредата настанала при земање крв, нема дисциплинска постапка за медицинската сестра, изјави директорот на Клиниката за детски болести...

Медицинската сестра од Детската клиника не го повредила бебето, модринките настанале кога му била земана крв за анализа, објасни директорот Мемеди. По пет дена јавноста ја дозна вистината за случајот што отвори сомнеж дали новороденчето било намерно повредено. Директорот вели дека немала намера, иако имало претходно несогласување меѓу дедото на детето со посочената сестра, недоразбирања кои биле надминати.

Директорт беше јасен дека не се и нема да бидат преземени никакви дисциплински мерки против медицинската сестра.

Министерот за здравство не смета дека потегот да го посети семејството и да му даде поддршка пред да ја слушне и втората страна бил погрешен. Тој најави дека тоа и во иднина ќе продолжи да го прави.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски