Град Скопје

Нема зелено светло за набавка на нови автобуси

16.07.2024 15:49

Нова седница на Град Скопје, стара одлука – повторно нема зелено светло за набавка на нови автобуси. Директорот на ЈСП вели дека е свесен за поплаките на граѓаните за јавниот превоз во главниот град…

Во Скопје нема доволно автобуси. Недостигаат 50-ина за да може да се почитува летниот возен ред – признава директорот на ЈСП. По набавката на автобусите од Кина, возниот парк броел околу 350 автобуси, а сега во сообраќај се околу 200. Кога ќе почне зимскиот возен ред ситуацијата ќе биде многу потешка. Кушовски е свесен дека граѓаните се гневни, бидејќи автобусите се нередовни, а дел од нив и неклиматизирани. Субвенциите не биле доволни да се покријат зголемените трошоци.

И покрај недостигот на автобуси, на седницата на Советот на Град Скопје не помина предлогот за набавка на еко-автобуси.

На седницата не помина ниту одлуката за брз автобуски превоз.

Ана Јосифоска-Тодоровска