Ребалансот на буџетот на владина седница
Бројките на приходната и расходната страна на буџетот нема да се менуваат, корекција се прави кај проектираниот буџетски дефицит. Според надлежните, дел од средствата биле лошо испланирани и непотрошени и затоа ќе се алоцираат за финансирање други трошоци.

Ребалансот на буџетот попладнево на владина седница. Прекројувањето на државната каса треба да овозможи пренамена на средства од 200 до 300 милиони евра. Дел од парите ќе одат за повисоки пензии, како и за реализација на капитални инвестиции.
Бројките на приходната и расходната страна на буџетот нема да се менуваат, корекција се прави кај проектираниот буџетски дефицит. Според надлежните, дел од средствата биле лошо испланирани и непотрошени и затоа ќе се алоцираат за финансирање други трошоци.
Во меѓувреме, новата власт договори заем од Унгарија на износ од 500 милиони евра, пари наменети за стопанството и за проекти во општините.
