Македонија
Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје
16.07.2024 15:37
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала...

Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14 часот и шест минути со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.
