Здравство
Пропадна тендерот за новиот компресорски систем на скопските клиники
16.07.2024 18:06
Заинтересираните фирми биле во посета на локацијата, но, ниту една фирма не доставила понуда за набавка, монтажа и пуштање на системот во употреба...

Ќе почекаме за долгорочно решение на проблемот со хируршките сали. Пропадна тендерот за новиот компресорски систем на скопските клиники.
Заинтересираните фирми биле во посета на локацијата, но, ниту една фирма не доставила понуда за набавка, монтажа и пуштање на системот во употреба. Останува преодното решение со надворешни компресори.
Засега е неизвесно колку ова ќе ги одложи планираните активности. Проценетата вредност на набавката беше 300 илјади евра.
