По обидот за атентат, Трамп побогат за милијарда долари
Акциите на „Трамп медија“ пораснаа за 32% на нешто помалку од 41 долар, трето најголемо зголемување на вредноста оваа година по скокот од 35% на 25 март, објави „Форбс“.

Богатството на поранешниот претседател Доналд Трамп се зголеми за повеќе од милијарда долари бидејќи акциите на „Трамп медија“ пораснаа по обидот за атентат, објави магазинот „Форбс“.
Акциите на „Трамп медија“ пораснаа за 32% на нешто помалку од 41 долар, трето најголемо зголемување на вредноста оваа година по скокот од 35% на 25 март, објави „Форбс“.
Вредноста на уделот на Трамп во компанијата од речиси 65 % (вкупно 114,75 милиони акции) се зголеми на 4,6 милијарди долари од 3,5 милијарди колку што беше од затворањето на тргувањето во петокот.
Трамп има нето-богатство од 6,6 милијарди долари, што го рангира меѓу 500 најбогати луѓе во светот, според најновите процени на „Форбс“.
