Финансии

Ланската државна каса под лупа на ревизорот

16.07.2024 19:40

Задолжувањето се зголемило, ама дел од институциите останале покуси за предвидените средства.

Додека се прекројува буџетот за годинава, ревизорот под лупа ја стави ланската државна каса, која тежеше рекордни 4,25 милијарди евра. Задолжувањето се зголемило, ама дел од институциите останале покуси за предвидените средства.

Судската власт и Обвинителството, од кои се бара да испорачаат правда не добиле ниту приближно од парите што им следуваат.

Судскиот буџет треба да изнесува 0,8% од БДП, но од предвидените над 100 милиони евра добиле едвај 44 милиони.

На Обвинителството му следувале 24,5 милиони евра, а добило само 12. И ова се случувало во време кога јавниот долг надминал 60 проценти.