Регион

Земјите од регионот прогнозираат намалување на топлотниот бран

17.07.2024 09:00

Земјите од регионот прогнозираат дека полека попушта влијанието на топлотниот бран, од петок се најавува посвежо време...

Земјите од регионот прогнозираат дека полека попушта влијанието на топлотниот бран, од петок се најавува посвежо време. Црвен метеоаларм изминатата недела беше издаден во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, како и делови од Хрватска.

Пожари беснеат во соседна Албанија и Бугарија. Бугарскиот премиер вели дека ситуацијата е под контрола, но ги повика граѓаните да бидат внимателни.