Собрание

Ребалансот на буџетот го помина владиниот филтер

17.07.2024 09:11

Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден...

Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден.

Ребалансот на буџетот го помина владиниот филтер, доставен до Собранието. пред пратениците треба да се најде кон крајот на месецов.

Прекројувањето на државната каса треба да овозможи пренамена на средства од 200-те до 300 милиони евра. Дел од парите ќе одат за повисоки пензии, но и за реализација на капитални инвестиции. Бројките на приходната и расходната страна на буџетот нема да се менуваат, корекција се прави кај проектираниот дефицит.

Според Владата, дел од средствата биле лошо испланирани и непотрошени и затоа ќе се алоцираат за финансирање други трошоци. во меѓувреме, новата власт договори заем од Унгарија од 500 милиони евра, пари наменети за стопанството и за проекти во општините.