Фестивал

Седмо издание на „Beach Film Festival“ во Охрид

17.07.2024 09:44

Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на црногорскиот филм „Живи и здрави“ (Forever hold your peace) од 2023 година, по сценарио и во режија на Иван Мариновиќ ...

Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“ (БФФ), годинава своето седмото издание, ќе го одржи од денеска до 21 јули во Охрид. Како што посочуваат организаторите, годинешното издание ќе понуди филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, односно на плажата Славија, бродот „Армада“, плажата Сараиште и Младинскиот Центар Охрид.

Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на црногорскиот филм „Живи и здрави“ (Forever hold your peace) од 2023 година, по сценарио и во режија на Иван Мариновиќ. Во оваа комедија Драгана се откажува од бракот со Момо, два дена пред датумот на венчавката, но неговиот опасно тврдоглав татко форсира таа да се случи. Главните улоги ги толкуваат: Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Горан Богдан, а настапува и нашиот Никола Ристановски. Музиката е на Тони Китановски.