Куманово

Цревни инфекции го наполнија детското одделение во Куманово

17.07.2024 10:13

Црвени инфекции го наполнија детското одделение во Куманово. Дечињата најчесто се жалат на гадење, повраќање, истоштеност и температура...

Вирусни цревни инфекции го наполнија детското одделение при кумановската болница. Дечињата најчесто се жалат на гадење, повраќање, истоштеност и температура. Најпогодени се доенчињата, но и децата до две години, чиј имунитет е намален. Поради тешката клиника информираат педијатрите, тие завршуваат и на инфузиска терапија или пак се хоспитализираат.

„Имаме зголемен број наши дечиња од Македонија, но и од оние кои се враќаат од странство. За викенд за 24 часа имаме до 80 деца прегледани амбулантски, а хоспитализирани се помалку. Во работните деца до 50 максимум деца, особено ноќе доаѓаат клиничката слика кај некои е тешка, дехидрирани“, информира д-р Ферихан Бајрами, началничка детски оддел Општа болница Куманово.

Препораките се придржување до хигиено диететски режим кој подразбира често миење на рацете. Но и навремено обраќање кај лекарите.

„Кај малите не препорачуваме повеќе од 24 часа да ги држат дома, да почнат сами. Но поголемите да земаат електролити, пробиотици, вода, течности и полесна храна“, апелираат лекарите.

Забележано е и заболување на дечиња во колективни установи.

За разлика од вирозите, состојбата со пертусис, голема кашлица на детското одделение во Куманово е стабилна. На дури десетина деца, евидентираат по еден случај.

 

Елена Георгиевска