Во Унгарија откриено говедско месо заразено со антракс

04.07.2014 13:38

Антраксот бил откриен во смрзнато говедско месо, нелегално заклано и обработено во фарма во градот Тисафуред,оддалечен 160 километри од Будимпешта...

Унгарската национална служба за јавно здравје соопшти дека во источна Унгарија е откриено говедско месо заразено со смртоносниот антракс. Петмина се сместени во болница под сомнение дека се заразени.
 
Антраксот бил откриен во смрзнато говедско месо, нелегално заклано и обработено во фарма во градот Тисафуред,оддалечен 160 километри од Будимпешта. Луѓето се заразиле за време на нелегалното колење, а властите превземале мерки и информираат дека веќе не постои  опасност.
 
Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори. Антраксот претежно ги напаѓа домашните и дивите животни, а луѓето можат да се заразат преку директен и индиректен контакт со нив. Антраксот, генерално не се пренесува од човек на човек,но, во ретки случаи  може да се пренесе преку раните на кожата што ги предизвикува оваа бактерија. Човекот може да се зарази и преку консумирање заразено месо или со инхалирање на спорите на антраксот. Знаците и симптомите зависат од начинот на заразување. Може да бидат  рани на кожата ,гадење повраќање и системски шок.
 
Соња Стојановска