Пожари

Се прошири пожарот на Огражден, интервенираат два хеликоптера

17.07.2024 11:26

Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред осум денови, од синоќа се проширил кон местото Рајаново...

Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред осум денови, од синоќа се проширил кон местото Рајаново. Од утрово го гаснат два хеликоптери-„Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, кои се дел од меѓународната помош што ја доби нашата земја за гаснење на пожарите.

Прошрирувањето на пожарот го потврдија од ТППЕ Струмица и Ловното друштво „Елен“ од Ново Село. Според нив, пожарот се префрлил на западната страна на Огражден, но се надеваат дека со помош на хеликоптерите и со поддршка од земја ќе успеат да го запрат.