Расправа во ООН за крајот на војните
Во амбиент на расфрланите воени жаришта во светот, со засилувањето на радикалната реторика меѓу врвните политичари, во Њујорк седница на проширениот состав на Советот за безбедност на Обединетите нации. Искусниот руски дипломат Лавров, побара справедлив нов светски поредок, укажувајќи-во случај на прелевањето на војната во Украина, жртва ќе биде европскиот континент, а не Соединетите Американски Држави. Според украинскиот претставник во светската организација-ова е уште едно руско лицемерие додека трае руската агресија врз Украина...

Америка нема да страда доколку избувне глобална војна, Лавров го цитираше Џон Кирби, националниот советник за безбедност на американскиот претседател. Според шефот на руската дипломатија, жртвата би била Европа, за што Бајден во анализите направил стратегиска грешка.
„За да го запреме развојот на настаните и негативното сценарио, предлагаме серија мерки. Најпрвин да го елиминираме изворот на кризата која избувна во Европа. Новиот, праведен поредок во светот да биде проследен со отстранувањето на заканите за Русија кои доаѓаат од евроатлантскиот правец“, изјави Сергеј Лавров-министер за надворешни работи на Руската федерација.
Русија ниту е заинтересирана за светскиот мир, ниту за Обединетите нации кои се создадени да го чуваат. Чисто лицемерие, додека е во тек воената агресија, реагираа Вашингтон и Киев, во седиштето на Лонг Ајленд.
„Мислев дека се наоѓам во погрешна соба откако го чув Лавров, само се жалеше на САД и на Западот, ни збор за мултилатерализмот“, изјави Линда Томас Гринфилд-постојан претставник на САД во ООН.
„Говорот на Лавров е уште едно руско лицемерие. Целта е одвлекување на вниманието на светот од флагрантното кршење на повелбата на Обединетите нации претставувајќи се себеси како чувар на меѓународниот поредок“, изјави Серхиј Кислицја-постојан претставник на Украина во ООН.
НАТО ја подготвува командата на поддршка на Украина во Висбаден, Германија, спроведувајќи еден од заклучоците на Самитот на алијансата во Вашингтон. Во Украина е во тек нова регрутација, досега според Министерството за одбрана во војната се регрутирани четири милиони украинци. Киев ги очекува данските и холандските борбени ловци, руска фирма распиша награда од 150 илјади долари за соборен Ф-16.
Зоран Богатинов
