Се крати буџетот на ФБИ

10.12.2013 16:21

Доколку Конгресот не го одобри буџетот на ФБИ од 8,3 милијарди долари и го намали за  700 илјади милиони, агентите предупредуваат дека нема да можат да ги штитат граѓаните од тероризам и криминал. Идната година ќе бидат отпуштени 3500 агенти и нема да има прием на нови агенти на обука во ФБИ академијата во Квантико.

„Некои критични операции нема да бидат можни, а ќе има и принудни одмори за агентите. Со овој извештај од теренот сакаме на сите политичари да им укажеме дека нема да можеме да ги штитиме Американците од терористички и криминални закани без целосен буџет.„ изјави Реналдо Таричи- ФБИ агент од Њујорк

 Најпогодени според агентите ќе бидат истрагите против интернет и финансискиот криминал, шпионажата, тероризмот и борбата против бандите. Високо обучени агенти ќе заминат во приватните компании.

„Моралот е се уште доста висок, но претпазливи сме како скратениот буџет ќе влијае на агентите на улица.„  смета Томас О`Конор- ФБИ агент од Вашингтон

„Сите ние сме посветени да ја извршуваме работата, да ја штитиме земјата од терористи и криминалци со она што имаме на располагање..„ додаде  Мајкл Ховел- ФБИ агент од Далас

„На ова гледаме како на уште една пречка. Дефинитивно нема да ни биде лесно, но ќе работиме без оглед на се.„ изјави Џон Феган- ФБИ агент од Балтимор

ФБИ агентите веќе се соочуваат со ограничено користење на автомобили поради помалку гориво за службените возила, па сите интервјуа мораат да ги спроведуваат преку телефон. Намалени се и тренинзите со оружје на стрелиштата и заедничката обука со другите полициски агенции. 

„Намалениот буџет на ФБИ ќе ја намали и соработката со полициските служби во странство.„

Ирина Гелевска постојан дописник на МРТ од Вашингтон