Пресуда за четворица обвинети кои признаа вина за случајот „Синџир“
Нови пресуди изрече Кривичниот суд за четворица обвинети во случајот „Синџир“ кои на претходно рочиште признаа вина. Парични казни има и за фирмите чии управители преку нив переле пари и затаиле данок. Судот одлучуваше и за мерките притвор.

4 години и 11 месеци вкупна затворска казна изрече Кривичниот суд за тројца обвинети во случајот „Синџир“ кои на минатото рочиште признаа вина. Една обвинета е казнета условно, и нема да помине две години зад решетки, ако во наредните пет, не стори ново кривично дело. 4 фирми опфатени во случајот треба да платат два и пол милиони денари.
До правосилност на пресудата, двајца од обвинетите остануваат во затворски притвор, а една е во домашен.
Обвинителството своевремено отвори истрага против 26-мина сопственици и директори на фирми кои од 2019-та до крајот на 2021 година издавале лажни фактури за да избегнат плаќање данок со што го оштетиле буџетот за 8 милиони евра.
Анита Димитријевска – Велковска
