Свет
Европски суд на правдата: ЕК не дала доволно информации за зделките со ковид-вакцини
17.07.2024 14:01
Европската комисија не и обезбеди на јавноста доволен пристап до информации за зделките за набавка на вакцини за Ковид-19 за време на пандемијата, соопшти Европскиот суд на правдата...

Европската комисија не и обезбеди на јавноста доволен пристап до информации за зделките за набавка на вакцини за Ковид-19 за време на пандемијата, соопшти Европскиот суд на правдата.
Објавата следи еден ден пред да се гласа во Европскиот парламент за кандидатурата на Урсула Фон дер Лајен за втор мандат на чело на Комисијата.
Случајот го покрена група европратеници откако Европската комисија одби да им даде целосен пристап до договорите со фармацевтските компании.
