Пожарот на Серта во штипско и пожарот во Радовиш денес се гасат од воздух
Пожарникарите и армијата од земја, а воздухопловите од воздух денес се справуваа со пожарите во штипскиот и радовишкиот регион. Во штипско Софилари инсталирани се и два базени за полнење на хеликоптерите со вода...

Од денес врз пожарите во штипскиот регион на планината Серта кај селата Селце и Драгоево и на локацијата Штркалево интервенираат македонските и турските „ер-трактори“ и хеликоптери. Интервенцијата од земја не е ефикасна заради непристапниот планински терен.
Хеликоптерите кои интервенираат на Серта од денес наместо од акумулацијата Мантово, со вода се полнат од базените кои Црвениот крст ги постави кај село Софилари-штипско.
Трет ден борба со огнената стихија се води и во Општина Радовиш, каде пожар од ваков обем немало со децении. За непристапните планински места очекуваме интервенција од воздух, вели градоначалникот.
Заради пожарот кај Пепелиште сè уште во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Штип – Неготино.
Славица Величковска
