Димитриеска-Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари
Министерката на финансии Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека државниот Буџет бил оштетен за повеќе од 32 милијарди денари или за повеќе од 500 милиони евра и му порача на Основото јавно обвинителство да реагира. Вели дека Владата наследила хаос и долгови и со ребалансот очекува дека ќе ја подобри економската состојба на граѓаните...

Затекнуваме држава во хаос и долгови, со економија во „клиничка смрт“, со буџет оштетен за над 520 милиони евра, пари кои проектираниот дефицит не можел да ги поднесе – министерката за финансии го вклучи црвеното светло при претставувањето на параметрите на прекроената државна каса. Ребалансираниот буџет ќе тежи рекордни над 5,8 милијарди евра. Ќе растат и приходите и расходите, проектираниот дефицит се зголемува од 585 на 720 милиони евра, односно, 4,9% од БДП и тоа во услови кога проекцијата за раст се намалува од 3,4 на 2,1 отсто од БДП. Димитриеска-Кочоска рече дека лошата состојба во буџетот ги надминала нивните очекувања и побара реакција од Обвинителството.
Во дел од институциите биле предвидени плати само до јуни. ЈПДП, ЈСП, Железници, ЕСМ не се во состојба да враќаат земени кредити за кои се дадени државни гаранции.
Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5%, а растот на нето-платата за 13%. Со ребалансот се распределиле пари од ставки со слаба реализација со што се обезбедени околу 325 милиони евра.
Јануари е предизвик зашто треба да се врати обврзницата од половина милијарда евра – тоа ќе значи или нова еврообврзница или задолжување на друго место.
Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека државниот Буџет бил оштетен за повеќе од 32 милијарди денари или за повеќе од 500 милиони евра и му порача на Основото јавно обвинителство да реагира. Вели дека Владата наследила хаос и долгови и со ребалансот очекува дека ќе ја подобри економската состојба на граѓаните.
Борис Грујоски
