Активни повеќе пожари, најкритично на планината Серта
Продолжува борбата со огнената стихија. Обид да се стават под контрола неколку пожари. Интензивни акции за гаснење и од небо и од земја...

Во моментов активни се повеќе пожари на отворено, а најкритично е на планината Серта.
Се дејствува и од копно и од воздух. Првиот човек на Центарот за управување со кризи Ангелов вели дека е теренот е тешко пристапен.
И градоначалникот на Неготино, вели дека состојбата е алармантна.
Шумски пожар избувна и во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен.
Покрај сте ресурси на државава кои се вклучени во пожарите на помош пристигнаа и воздухоплови од Црна Гора, Словенија, Турција, Србија и Романија. Во земјава нема пилоти за гаснење на пожари. Двајца кои се во пензија во моментов се вклучени во пожарите.
Инаку пожарот во Битола е ставен под контрола. Огнот се гаснеше од рано наутро, се интервенира на жариштата. Обиколницата е повторно отворена.
Покрај од небо се гасне и на копно, работат поголем број на пожарникари, 100 припадници на АРМ и 30 припадници на полицијата.
Ана Јосифовска - Тодоровска
