Петерле го замени контрадикторниот Шацирмакакис
Новиот претседавач со комитетот е поранешен прв премиер на Словенија, како и вицепремиер и министер за надворешни работи...

Европскиот Парламент го назначи словенечкиот демохристијанин Алојз Петерле на чело на мешовитиот комитет меѓу европскиот и македонскиот законодавен дом.
Петерле го замени германскиот пратеник со грчко потекло Јоргос Шацирмакакис, кој не успеа да се избори за нов мандат на последните европски парламентарни избори.
Новиот претседавач со комитетот е поранешен прв премиер на Словенија, како и вицепремиер и министер за надворешни работи.
Тој е член на словенечката христијанско-демократската партија „Нова Словенија“ , дел од Европската Народна Партија, на која припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ.
Во септември треба да се пополнат и другите 20-на места во комитетот, по што ќе се договорат и првите средби со македонските пратеници.
