Политика

Се комплетира владиниот тим

17.07.2024 19:21

Стокмен е списокот со имиња за заменик-министри. Листата е веќе испратена до законодавниот дом…

Министрите дадоа зелено светло за нивните заменици. Листата со имиња на замениците министри веќе е испратена до законодавниот дом. За заменик-министерка во одбрана е предложена Елфет Исмаили, која работела во Македонска пошта, а за заменик-министер во МВР е предложен Астрит Исеини, кој работи како вонреден професор.

Советникот од Струга, Ален Деребан треба да биде заменик во правда, а новинарот Зоран Димитровски ќе оди во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Заменичка-министерка во министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков, која веќе работи во МНР.

Предлог за заменик-министер во финансии е професорот Николче Јанкуловски, за економија е екс-градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, а за здравство Јовица Андоновски.

Долгогодишната пратеничка Ане Лашкоска ќе биде заменичка во Министерството за животна средина, а поранешниот пратеник Неждет Мустафа ќе оди во Министерството за односи со заедниците. Техничкиот министер за труд и социјала, Ѓоко Велковски сега треба да биде заменик во истиот ресор.

Кон крајот на јули пратениците ќе дебатираат за предложените имиња на пленарна седница.

Миле Ристески