Ситуацијата со пожарите алармантна, се дејствува и од копно и од воздух
Алармантна ситуацијата со пожарите во државава. Борбата со огнените јазици на Серта продолжува, се дејствува и од земја и воздух…

Во моментов активни се повеќе пожари на отворено, а најкритично е на планината Серта. Се дејствува и од копно и од воздух. Теренот е тешко пристапен. И градоначалникот на Неготино вели дека состојбата е алармантна.
Активни се неколку пожари распространети еден од друг на еден километар и на планината Огражден. Огнените јазици тешко се ставаат под контрола.
Шумски пожар избувна и во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна. Преминот беше затворен. Возилата се пренасочуваа на Дојран. Во битолско, огнената стихија е ставена под контрола, нема опасност за населените места. Обиколницата е повторно отворена.
Покрај сите ресурси на државава вклучени во пожарите, на помош пристигнаа и воздухоплови од Црна Гора, Словенија, Турција, Хрватска, Србија и Романија. Во земјава нема пилоти за гаснење пожари. Двајца кои се во пензија во моментов се вклучени во пожарите.
Покрај од небо се гасне и на копно, работат поголем број пожарникари, 100 припадници на АРМ и 30 припадници на полицијата.
Ана Јосифоска-Тодоровска
