Македонија

Мисајловски на средби со амбасадорите Дрекслер, Бомгартнер и Ќехаја

17.07.2024 19:46

На средбата со германската амбасадорка Петра Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер, Мисајловски се заблагодарил за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска оствари средби со амбасадорите на Германија, Франција и на Косово, информираат од Министерството за одбрана.

На средбата со германската амбасадорка Петра Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер, Мисајловски се заблагодарил за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО. Во однос на Украина, Мисајловски известил дека македонската Влада ќе продолжи да ја помага и поддржува Украина.

Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција, нагласил министерот Мисајловски на средбата со францускиот амбасадор, Сирил Баумгартнер.

Разговарале за сојузништвото во рамките на НАТО, заедничкиот придонес кон целокупната политичка и безбедносна стабилност на регионот и обезбедувањето на одбранбениот Буџет согласно заклучоците на НАТО.

Министерот Мисајловски остварил средба и со косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја. Во фокус на разговорите- регионалната стабилност, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија и унапредување на добрососедските односи. Амбасадорот Ќехаја на средбата упатил благодарност за досегашната билатерална соработка помеѓу двете земји.