Временска прогноза

Сончево и топло, температури до 42 степени

18.07.2024 08:25

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, информира УХМР ...

Сончево и топло со мала до умрена облачност. Ова е временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде посочуваат дека максималните температури ќе се движат до 42 степени.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, информира УХМР.

До петок ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури, а за време на викендот, особено во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура постепено ќе опаѓа.