Пожари

Огнената стихија не стивнува сè уште активни пожари во земјава

18.07.2024 08:41

Десетици пожари на отворено и натаму активни во земјава. Гори главно непристапен терен ...

Oгнената стихија не стивнува. Десетици пожари на отворено и натаму активни во земјава. Гори главно непристапен терен. Борбата на противпожарните екипи продолжува, во гаснењето вклучени и хеликоптери и Ер-трактори. Се уште активен пожарот на планината Серта, гори од неколку страни. Огнот се приближува кон селото Калањево, но нема опасност по селото, велат од Центарот за управување со кризи.

Во Неготино заседаваше Кризниот штаб. Оттаму бараат поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта. И во Штип се состана Кризниот штаб. Таму се мобилизираат луѓе и механизација за гаснење на пожарот кои се приближува кон селото Пиперово.

Жител на Росоман се здобил со изгореници при гаснење пожар, а пожарникари беа заробени од огнот на планината Огражден, но беа евакуирани со хеликоптер. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов побара централизиран систем за управување со пожарите.