Ескалираат протестите против пресудата за случајот „Монструм“

04.07.2014 14:48

Насобраните граѓани, според некои проценки 2-3 илјади, пробаа да ги пробијат полициските кордони пред зградата на Судот. Со камења во рацете, протестантите ги нападнаа полициските служби...

Протестите против максималните доживотни казни изречени за случајот „Монструм“ ескалираат.

Насобраните граѓани, според некои проценки 2-3 илјади, пробаа да ги пробијат полициските кордони пред зградата на Судот. Со камења во рацете, протестантите ги нападнаа полициските служби. 

Единицата за брзо распоредување употреби шок бомби кога толпата се обиде да тргне кон Владата.

Последните информации се дека и полицијата употребува и водени топови.

Според првичните информации најмалку двајца се приведени, а има и двајца повредени полицајци.

Протестот почна во 13 часот и 30 минути, како што и беше најавено, од Јаја- пашината џамија.